Министерството за внатрешни работи ги врши работите што се однесуваат на:
– остварувањето на системот на државната и јавната безбедност;
– пријавувањето на живеалиштето и престојувалиштето;
– државјанството и патните исправи за премин на државната граница;
– движењето и престојот во граничниот појас;
– контролата на преминување на државната граница, како и определени работи во врска со утврдувањето и решавањето на граничните инциденти и другите повреди на границата;
– престојот и движењето на странците;
– производството, прометот, складирањето и заштитата од запаливи течности, гасови, експлозиви и други опасни материјали и превозот на овие материјали;
– укажувањето на помош при елементарни непогоди и епидемии;
– набавувањето, поседувањето, носењето и контролата на обележувањето на оружјето и муницијата;
– надзорот од негова надлежност и
– врши други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3117-222; 02 3112-468