Министерството за правда ги врши работите што се однесуваат на:
– судството, јавното обвинителство, јавното правобранителство;
– државната управа;
– кривичната одговорност и одговорноста за прекршоци;
– нотарските работи, адвокатурата и други видови правна помош;
– наследувањето, сопственоста, стварните права и облигационите односи;
– меѓународната правна помош;
– извршувањето на санкциите за кривични дела и прекршоци;
– организацијата и управувањето со казнено-поправните и воспитно-поправните установи;
– амнестијата и помилувањето;
– судските вештачења, експертизи и супер-вештачења;
– изборниот систем, водењето евиденција на избирачкото право;
– кривичната, прекршочната, парничната, вонпроцесната, извршната и управната постапка;
– управниот надзор;
– вршењето на работите што не спаѓаат во надлежност на друг орган на државната управа и
– врши други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3117-277; 02 3117-288