Министерството за надворешни работи ги врши работите што се однесуваат на:
– надворешните работи и надворешната политика на Република Македонија;
– воспоставувањето, развивањето и координирањето на односите, претставувањето и афирмирањето на Република Македонија на меѓународен план;
– заштита на интересите, правата и имотот на Републиката и нејзините државјани и на домашните правни лица во странство;
– координирањето и известувањето за политиката од надлежноста за која е основано;
– грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји;
– организацијата и раководењето со дипломатските, конзуларните и други претставништва на Република Македонија, како и организирање на системот на врски со нив;
– склучувањето, ратификувањето и чувањето на меѓународните договори;
– определувањето и одбележувањето на државната граница;
– комуникацијата и соработката со странските дипломатски и конзуларни претставништва на странски држави и мисии на меѓународни организации во Република Македонија;
– акредитацијата на амбасадори, приемот на акредитивни писма, издавањето привилегии и имунитети на странски дипломатски претставништва и претставништва на меѓународни владини организации и други работи во врска со именувањето и отповикувањето на амбасадори на Република Македонија во странство;
– собирањето, проучувањето и грижата за странската и домашната документација од негова надлежност и
– врши други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3115-266; 02 3110-333; 02 3115-790