Министерството за труд и социјална политика ги врши работите што се однесуваат на:
– работните односи, вработувањето и вработеноста;
– пензиско-инвалидското осигурување;
– заштитата на работниците при работењето;
– материјалното обезбедување на привремено невработените;
– платите и животниот стандард;
– социјалната политика;
– хуманата популациона политика заради усогласен економски социјален развој;
– правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница;
– односите меѓу родителите и децата, старателството и посвојувањето;
– унапредувањето на рамноправноста на половите;
– заштитата на децата и малолетните лица;
– заштитата на младината и жените;
– заштитата на лицата со пречки во развојот;
– заштитата на цивилните инвалиди од војната и на семејството чиј хранител е на задолжителна воена служба;
– заштитата на борците од Антифашистичката војна и од сите национално ослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција;
– надзорот од негова надлежност и
– врши други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефонот: 02 3106-220