Министерството за финансии ги врши работите што се однесуваат на:
– системот на финансирање;
– трезорскиот систем;
– царинскиот систем;
– даночниот систем и даночната политика;
– системот на девизното работење;
– системот на банките и штедилниците и други финансиски институции;
– системот на сметководството, ревизијата и платниот промет;
– заемите и кредитите;
– макроекономската политика и политиката за развој на националната економија;
– подготвувањето проекција на платниот биланс;
– подготвувањето и следењето на макроекономските биланси;
– осигурувањето на имот и лица;
– игрите на среќа;
– изготвувањето и извршувањето на Буџетот на Република Македонија и на завршната сметка на Буџетот на Република Македонија;
– сопственоста и други имотно-правни односи;
– стоковните резерви;
– надзорот од негова надлежност и
– врши други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефонот: 02 3136-273