Министерството за образование и наука ги врши работите што се однесуваат на:
– воспитанието и образованието од сите видови и степени;
– организацијата, финансирањето, развојот и унапредувањето на воспитанието, образованието и науката;
– воспитанието и образованието на децата на нашите работници на привремена работа и престој во странство;
– верификацијата на струките и профилите во образованието;
– ученичкиот и студентскиот стандард;
– технолошкиот развој, информатиката и техничката култура;
– информациониот систем;
– меѓународната научно-техничка соработка;
– надзорот од негова надлежност и
– врши други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3117-277; 02 3118-414