Министерството за економија ги врши работите што се однесуваат на:
– следењето на состојбата и појавите на пазарот на стоки и услуги и влијанието на мерките на економската политика;
– следењето на економските, структурните и техничко-технолошките состојби и предлагање на мерки за остварување на развојната и тековната економска политика во областа на производството, трговијата, туризмот, угостителството и занаетчиството;
– преземањето мерки против монополската положба и монополското однесување;
– следењето на тековните материјални биланси и снабдувањето на граѓаните со основните прехранбени производи и други стоки за широка потрошувачка и на претпријатијата со суровини и репроматеријали;
– системот и политиката на цени на производи и услуги;
– подготвувањето програма за глобален материјален развој на човечките ресурси;
– индустриската сопственост;
– заштитата на потрошувачите;
– малите и средните претпријатија и задругарството;
– следењето на меѓународните стопански движења, како и нивното влијание врз економските односи на Република Македонија;
– надворешно-трговското работење;
– геолошките истражувања и експлоатацијата на минералните суровини;
– енергетиката;
– примената на општите и техничките нормативи, прописи и стандарди;
– метрологијата;
– надзорот од негова надлежност и
– врши други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефонот: 02 3093-522