Секретаријатот за европски прашања ги врши работите што се однесуваат на:
– обезбедување на координација и усогласување на работата на органите на државната управа и другите органи и институции, за подготвување на Република Македонија за членство во Европската унија, вклучително и за преговори за членство во Европската унија;
– обезбедување на координација на активностите за спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација склучена меѓу Република Македонија и Европските заедници и нивните земји членки и другите договори склучени меѓу Република Македонија и Европската унија, како и на работните тела формирани во рамките на склучената спогодба и другите договори со Европската унија;
– обезбедување на координација на процесот на подготвување на Македонската верзија на aquis communitaire (правото на Европската унија);
– обезбедување на координација заради усогласување на работата на претставниците на Република Македонија во институциите и телата на Европската унија;
– обезбедување на координација заради усогласување на работата на Република Македонија како држава членка на Европската унија;
– обезбедување на координација на странската помош од Европската унија и нејзините земји членки и другата странска помош поврзана за реформите комплементарни на процесот на интегрирање на Република Македонија во Европската унија;
– информирање на јавноста за активностите поврзани со процесот на европска интеграција и европските прашања;
– како и други работи поврзани со Европската унија кои ќе ги определи Владата.

Подетални информации можете да добиете на телефонот: 02 3239-165 локал 116 и локал 113