– изготвува упатство за работата на Одделението и повелба за внатрешна ревизија;
– подготвува годишен план за внатрешна ревизија врз основа на проценка на ризикот и се грижи за негово спроведување и следење;
– го координира работењето на внатрешната ревизија;
– во случај на појава на конфликт на интереси при извршување на работите од надлежност на одделението го информира генералниот секретар на Владата;
– се грижи за навремено информирање на генералниот секретар на Владата во случај на појави на сомнеж за нерегуларности или измами кој може да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка;
– подготвува и доставува ревизорски извештај до генералниот секретар на Владата;
– подготвува квартални и годишни извештаи од надлежност на одделението;
– обезбедува квалитетно извршување на внатрешната ревизија и примена на насоките од министерот за финансии;
– подготвува годишни планови за обука за потребите на одделението;
– ги спроведува препораките од извршената ревизија и акционите планови и
– врши и други работи од надлежност на одделението.