Во фокусот на нивните излагања беа подигнувањето на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските кои  за нив произлегуваат од него, како и на  начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Покрај историјатот, развојот на правото на слободен пристап до информации и законската легислатива,пред  посетителите на обуката подетално беа образложени и постапката по барање информација од јавен карактер, жалбената и прекршочна постапка, како и правилната подготовка на Годишниот извештај, како законска обврска на имателите. На обуката беа анализирани и специфични примери од праксата, при што службените лица се произнесуваа за тоа како би постапиле во дадените ситуации.