Во организација на Европската Комисија преку инструментот TAIEX, претставници од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 31 мај и 1 јуни остварија работна посета на Република Естонија.
Во Талин претставниците на Комисијата остварија средби во Канцеларијата на Академијата за е-владеење и Инспекторатот за заштита на личните податоци, каде се дискутираше на темата “Системот на електронски пристап до информации од јавен карактер и неговата имплементација во Република Естонија”.
Претставниците од сродните институции од двете земји имаа можност да разменат искуства и знаења со цел да се унапреди пристапот до информациите од јавен карактер во согласност со новите технолошки достигнувања и истиот да се имплементира во Република Македонија по примерот на Естонија.
Во тој контекст, директорот на Академијата за е-владеење, г-дин Арво От, г-дин Ивар Тало и г-ѓа Лиа Хани, презентираа практични искуства од 3 модули: „Менаџмент на промени во владеењето“, „Информациските права и правната рамка на информатичкото општество“ и „Рамка за интероперабилност во Естонија“.
Делегацијата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер оствари средба и со директорот на Инспекторатот за заштита на личните податоци на Република Естонија, г-дин Вилјар Пеп. Притоа домаќинот презентираше 2 модули во врска со темата, и тоа: „Пристапот до веб-базата на информации од јавен карактер“ и „Безбедноста на информацискиот систем на државата, локалните владини агенции и другите даватели на услуги“.
Претседателот на Комисијата г-дин Пеце Ташевски и директорот на Инспекторатот за заштита на личните податоци на Република Естонија, г-дин Вилјар Пеп, потпишаа и Меморандум за соработка со цел да ја зајакнат соработката меѓу двете институции. Со овој акт двете институции го утврдија начинот и формите на соработка за прашањата поврзани со унапредување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и се обврзаа да ја развиваат меѓусебната соработка од ова подрачје, со почитување на законодавството на своите држави и со почитување на потребите и конкретните можности. Оваа соработка вклучува размена на практични искуства и знаења меѓу експерти на двете институции за полесно обезбедување на информации од јавен карактер, како и на полето на финансирањето на проекти преку користење на финансиски инструменти на Европската Унија.