Во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци, денеска согласно Акцискиот план за отворено владино партнерство, се одржа обука за имплементација на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Законот за заштита на личните податоци, како и  за примената на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци. Обуката ја реализираа стручни лица од Секретаријатот на Комисијата и од Дирекцијата за заштита на личните податоци, а истата беше наменета за лицата номинирани од државните институции кои што се задолжени за имплементација на Акцискиот план за отворено владино партнерство.
Покрај подигнувањето на степенот на запознаеност на учесниците на обуката  со одредбите на  двата споменати Закона, присутните се интересираа кои информации најчесто се бараат од институциите и установите, и дали по нивното давање на барателите, институциите се должни овие информации да ги објават на своите веб страници или огласни табли.