Согласно планот за регионални обуки на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а во соработка со општина Тетово, денеска во просториите на општината, во присуство на 30 учесници, се одржа обука на тема: “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Целта на обуката беше подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и измените на истиот од 2010 година, за можностите кои произлегуваат од него, како и за начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Обуката ја реализираа стручните лица од Секретаријатот на Комисијата, Цветан Станоески и Макфирете Морина.
Учесниците на обуката беа запознати со развојот на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и со законската легислатива, со подетален осврт на постапката по барање на информација од јавен карактер и на жалбената постапка.