Во дводневна посета на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Република Македонија престојуваше Жељко Рутовиќ, помошник министер за култура на Република Црна Гора, задолжен за односите со медиумите и слободниот пристап до информации.
Притоа, беше остварена работна средба на која беа разменети мислења за практичната примена на законите за слободен пристап до информации од јавен карактер во двете земји. Посебно беше посочена драстичната разлика во законските прописи кои се однесуваат на жалбената постапка.
Понатамошната едукација на јавноста ќе овозможи поуспешна имплементација на законите за слободен пристап до информации во двете земји, а воедно ќе обезбеди и поблиско запознавање на граѓаните со овој нов вид на слобода, беше оценето на разговорите.
Во тој контекст посебно  стана збор за начинот и постапката за реализација на контактите со имателите на информации, особено со службените лица на државните институции.
На средбата беше покрената иницијатива во блиска иднина да биде организирана регионална конференција на која ќе бидат разменети искуства од сферата на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Гостинот од Црна Гора, кој во рамките на престојот во Македонија оствари посета и на општина Охрид, ги покани членовите на Комисјата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Република Македонија да направат возвратна посета на Црна гора и на тамошните институции задолжени за спроведување на Законот за СПИЈК.