На работилницата учествуваа службени лица за посредување со информации од јавен карактер, како и лица од Канцелариите за односи со јавност во основните и апелационите судови, од Судскиот совет на Република Македонија и од Академијата за судии и јавни обвинители.
Обучувачи беа Јорданка Стојкова од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, како и Јелена Јаневска и Кирил Ефремовски, од УСАИД. Учесниците на работилницата детално беа запознаени со описот на работните задачи и задолженија на службените лица за последување информации од јавен карактер и со примената на Законот за слободен пристап до информации.
Освен за должностите на имателите, односно на службените лица, на работилницата стана збор и за основите на работата со странки, во функција на обезбедување на квалитетни услуги за барателите на информации. На работилницата беше посветено внимание и на отвореноста и транспарентноста на судовите, а беа реализирани и практични вежби за комуникацијата со таканаречените „проблематични“ странки.