Во организација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Државниот управен инспекторат, на 12 март, со почеток во 10 часот, во Клубот на пратениците, ќе се одржи работилница на тема “Правото на надзор“. Воведни обраќања за целите на работилницата ќе имаат заменик министерот за правда Ибрахим Ибрахими, претседателот на КЗПСПИЈК, Јанко Николовски, кој ќе се осврне на можностите што ги нуди правото на надзор во остварувањето на основните принципи на ЗСПИЈК, и директорот на Државниот управен инспекторат Димитар Ѓеоргиевски.
Работилницата ќе се одвива во два дела, од кои првиот е резервиран за дебатата што учесниците ќе ја водат на тема: “Можни подобрувања во практиката и законодавството во областа на правото на надзор.
Во продолжение, универзитетските професори Борче Давитковски и Ана Павловска – Данева ќе имаат воведни обраќања за жалбената постапка пред КЗСПИЈК со осврт на извршувањето на правосилните решенија по жалби, по што ќе следи и дискусија на споменатата тема.
Покрај претставници од споменатите институции и Министерството за правда, на работилницата се очекува активно да учествуваат и претставници од Мисијата на ОБСЕ и на Амбасадата на Велика Британија во Македонија, преставници од невладиниот сектор во земјата, како и членови на Дирекцијата за заштита на лични податоци.