чело 3 работилницамасовка 3 работилницАКомисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во соработка со  Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска во хотелот „Арка“ ја реализираше третата од вкупно петте планирани работилници на тема „Добро владеење и остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.  На оваа работилница што ја спроведоа стручните лица од Секретаријатот на Комисијата,  Цветан Станоески и Макфирете Морина, учествуваа одговорни и службени лица, како и раководители на сектори за правни и општи работи од државни дирекции, центри управи, институти, како и од неколку скопски единици  на локална самоуправа.
Овој циклус обуки има за цел подигнување на свеста и степенот на запознаеност на одговорните и на службените лица со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со измените на истиот од 2010 година, како и со можностите кои произлегуваат од него за имателите, и за барателите на информации од јавен карактер.
На присутните  на едукативната средба им беа поделени примероци од брошурите „До информација“, која е резултат на повеќегодишната соработка меѓу Комисијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и „Ти имаш право да знаеш“, продукт на Европското здружение на студентите по право во Република Македонија – ЕЛСА во рамките на USAID проектот за јакнење на судството, стручно помогнат  од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.