На 30 и 31 мај во хотелот „Климетица“ во Охрид, ќе се одржи Работилница на тема: „Остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, граѓанско учество во донесување одлуки и комуникациски вештини“. Организатори на работилницата се Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а на неа ќе земат учество 20 претставници од Здруженија на граѓани и фондации, како и службени лица и советници од единиците на локалната самоуправа  Чаир, Крушево, Долнени, Дебар, Центар Жупа, Кичево, Осломеј и Зајас.
Целта на обуката е подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските за имателите на информации кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Исто така, учесниците на работилницата ќе имаат тренинг обуки околу комуникациските вештини и учеството на граѓаните во донесување на одлуките.
Тренери на Работилницата се стручни лица од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.