На 10 ноември 2011 година (четврток), во организација на Европската Комисија преку инструментот TAIEX во соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во хотелот „Арка“ во Скопје, со почеток во 9.30 часот, ќе се одржи еднодневна меѓународна работилница на тема “Подигнување на институционалната свест за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Со воведно обраќање, работилницата ќе ја отвори и присутните учесници ќе ги поздрави г-дин Пеце Ташевски, претседател на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Заменикот комисионер во Комисијата за информации на Република Словенија г-ѓа Кристина Котник Шумах, ќе говори на тема „Слобода на информации-подигнување на јавната и институционалната свест“.
Генералниот директор (Комисионер за приватност и информации) на Инспекторатот за заштита на личните податоци на Естонија, г-дин Виљар Пеп ќе се осврне на тема „Информации од јавен сектор- кон проактивно објавување и координирање“.
Гостите ќе го презентираат и словенечкото односно естонското искуство за “Подигнување на свеста за правото на слободен пристап до информации“, по што е предвидена дискусија и донесување на заклучоци од работилницата.
Покрај членовите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и вработените во нејзиниот Секретаријат, на работилницата се поканети и претставници од Секретаријатот за европски прашања, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за правда, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и од Државниот завод за ревизија.