Денеска и утре  (17 и 18 мај), во Маврово, во организација на  Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ќе се одржи Работилница на тема: „Остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, граѓанско учество во донесување одлуки и комуникациски вештини“.
На Работилницата во хотелот „Срна“ се поканети  претставници на медиуми и на Здруженија на граѓани и фондации, како и службени лица на имателите на информации од јавен карактер  и советници од општините Маврово и Ростуша, Брвеница, Гостивар, Тетово, Теарце, Јегуновце и Бутел.  
Целта на обуката е подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските за имателите на информации кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Исто така, учесниците на работилницата ќе имаат тренинг обуки околу комуникациските вештини и учеството на граѓаните во донесување на одлуките.
Работилницата ќе ја реализираат стручни лица од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.