На 28 септември 2006 година (четврток), Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и З.Г. ПРО МЕДИА ќе промовираат: Водич за службеници и Водич за баратели.
На промоцијата се очекува да се обратат: претседателот на Собранието на Република Македонија Љубиша Георгиевски, шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ, амбасадорот Карлос Паиш, претседателот на Комисијата Јанко Николовски и претседателот на З.Г. ПРО МЕДИА Климе Бабунски.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и З.Г. ПРО МЕДИА со промоцијата на водичите ќе дадат свој придонес во одбележувањето на Меѓународниот ден за слободен пристап до информации “ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ”.
Публикациите се подготвени од експерти на ПРО МЕДИА во рамки на проектот “Понатамошно јакнење на слободниот пристап до информации во Република Македонија”, кој се реализира врз основа на грант од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје. Нивна цел е да придонесат за поефикасна примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да им помогнат и на имателите во извршувањето на нивните обврски и на барателите во остварувањето на нивните права, регулирани со Законот.