Во Скопје на 9 и 10 ноември се одржа експертска тркалезна маса, наменета за олеснување на спроведувањето на Законот за пристап до информации како во земјата-домаќин така и во останатите земји од регионот. Размената на погледи, споделувањето на најдобрите практики и меѓународното искуство во корист на Комисијата за пристап до информации од јавен карактер беше во главниот фокус на тркалезната маса.
Во сумирањето на дискусиите од тркалезната маса, експертите ги донесоа следните заклучоци:
– Експертите се согласија дека основањето на Комисијата за пристап до информации, вклучувајќи ја и можноста за судска заштита се добри одредби во законот.
– Експертите повторно го нагласија универзално прифатениот принцип, дека Законот за пристап до информации е над постојните закони и затоа слободниот пристап до информации треба да биде водечкиот принцип во севкупната комуникација меѓу властите и граѓаните. Експертите посочија на некои недоречености во легалната постапка; особено во спроведувањето на Законот за пристап до информации во однос на Законот за општа управна постапка, Законот за заштита на личните податоци и Законот за класифицирани информации.
– Учесниците на тркалезната маса побараа, одредбите во постоечките закони, коишто се порестриктивни отколку исклучоците во Законот за пристап до информации треба да се применуваат само во исклучителни случаи. Во секој случај, таквите одлуки треба да бидат предмет на тестирање на јавниот интерес, значи информации можат да не бидат одобрени, само доколку нивното објавување би можело да нанесе непоправлива штета.
– Учесниците на тркалезната маса нагласија дека механизмот на спроведување на извршните решенија на Комисијата во однос на жалбите треба да биде зајакнат.
– Експертите нагласија дека пристапот до информации е уставно право во Македонија и неговото применување во праксата треба да се изврши на професионален и ефикасен начин, без политички влијанија.
– Експертите нагласија дека во случај на спор, неопходно е судовите бргу да реагираат. Ефикасната судска постапка ја подобрува имплементацијата на законот и има образовен ефект како врз државните службеници така и врз општата јавност.
– Од витално значење е, според експертите, да се почитуваат роковите за одговарање на барањата од граѓаните. Културата на „немо одбивање“ ги поткопува спроведувањето на законот и неговиот дух.
– Од учесниците на тркалезната маса, властите беа повикани да иницираат пошироко информирање и програма за обука за имателите на информации при спроведувањето на законот.
– Треба да се организира и кампања за подигнување на јавната свест и образование, употребувајќи соодветни канали за комуникација. Во овој случај треба да се нагласи користењето на новите технологии и интернетот како најдобар начин за брзо подобрување на пристапот до информации.
– Треба да се организираат редовни регионални конференции за оценување на спроведувањето на законите за пристап до информации. Ова би придонело кон поинтензивен регионален дијалог и размена на искуства.