gostivar infoВо организација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер,  во големата сала на Општина Гостивар, денеска се одржа обука во функција на подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните со Законот за слободен простап до информации од јавен карактер, можностите кои произлегуваат од него, како и за начинот на остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен каркатер. Освен заинтересиранитe граѓани, на оваа едукативна средба беа поканети и членовите на Советот на Општина Гостивар, претставниците на јавните институции и служби формирани од општината, претставниците на невладините организации и здруженија на граѓани и други заинтересирани субјекти.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер кој стапи на сила во 2006 година, пристапот до информации од јавен карактер е право на граѓаните и институциите се должни истите да им ги достават без да прашаат поради кои причини се бараат информациите.
За граѓаните да се запознаат со своите права. во наредниот период ќе се огранизираат регионални обуки и дебати во повеќе градови низ земјава.