Согласно донесената годишна програма, денеска во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, беше организирана обука за службени лица од државни институции, кои од почетокот на имплементацијата на Законот, предничат по бројот на прcveta danaимени прашања од граѓаните и од здруженијата на граѓани и фондации. Оттаму и обуката на тема: „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер„ беше концепирана токму во функција на подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на  лицата задолжени за имплементацијата на Законот во праксата.
Обучувачи од Секретаријатот на Комисијата, ги запознаа присутните со историјатот и развојот на правото на слободен пристап до информации во Македонија, а преку претставување на Законот, службените лица стекнаа или ги проширија знаењата и за постапката по барање информација од јавен карактер, жалбената и прекршочната постапка, како и за обврската на имателите на информации да подготват Годишен извештај.  Учесниците на обуката го изнесоа и своето гледање на неколку досегашни примери од барања што биле упатени на адреса на државните институции.