На 28 април 2007 година се навршува една година од формирањето на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информаците од јавен карактер. Комисијата од пет члена е формирана со Одлука на Собранието на Република Македонија, а согласно Законот за слободен пристап до информциите од јавен карактер.
По тој повод, на 26 април 2007 година (четврток) со почеток во 10.30 часот, во просториите на Комисијата (бул. Гоце Делчев б.б. зграда на МРТ, 14 кат) ќе се одржи ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА.
На неа ќе бидат прикажани работата и основните постигања и релации со кои се соочуваше Комисијата во својата пионерска задача на ова поле.
На настанот се поканети и НВО што во најголема мера го помогнаа стартот на оваа нова слобода во Република Македонија, како и претставници на странските организации и мисии што се во постојана и плодна соработка со Комисијата. Поводот може да биде искористен и како “Отворен ден” при што присутните ќе можат да се запознаат со начинот на работата, вработените и условите за работа на Комисијата.
Притоа е предвидено неформално дружење и разговор на вообичаен коктел.