Утре, со почеток во 12.00 часот на Приватната Високообразовна Установа за Бизнис Студии Еуро Колеџ – Куманово, претставници на Комисијата и на нејзиниот Секретаријат ќе го презентираат Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На презентацијата ќе присуствуваат студенти од сите студиски години на Еуро Колеџот, а целта е подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на студентите со Законот и можностите кои произлегуваат од него.