Во рамките на воспоставената соработка меѓу Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Факултетот за безбедност – Скопје, денеска во големиот амфитеатар на оваа високообразовна институција, беше презентиран Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Пред стотина студенти, членот на Комисијата, Валентина Фидановска и стручното лице од Секретаријатот на Комисијата, Цветан Станоески, го објаснија основното човеково право кое произлегува од Уставот на Република Македонија и од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Стручното лице од Секретаријатот на Комисијата Цветан Станоески, одржа power point презентација, преку која присутните студенти беа запознати со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно со можностите кои произлегуваат од него за барателите на информации од јавен карактер, како и со обврските и должностите кои произлегуваат од него за имателите на информации.
На учесниците на работилницата им беа поделени постери, флаери и брошури „До информација“, кои се резултат на повеќегодишната соработка меѓу Комисијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и примероци од брошурата насловена „Ти имаш право да знаеш“, производ на Европското здружение на студентите по право во Република Македонија – ЕЛСА во рамките на USAID проектот за јакнење на судството, стручно помогнат од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер