Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пеце Ташевски, денеска учествуваше во работата на тркалезната маса на тема „Самостојност и етика на јавните обвинители/Слободен пристап до информации од јавен карактер“, што се одржа во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители.
На тркалезната маса наменета за јавните обвинители и јавните обвинителства, Ташевски одржа предавање за Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со посебен акцент на исклучоците од слободниот пристап. Со проактивно учество на присутните, беа разјаснети и конкретни примери од сферата на слободниот пристап до информациите од јавен карактер, со кои се соочуваат јавните обвинители.