Согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (член 37), имателите на информации од јавен карактер имаат законска обврска да подготват Годишен извештај за спроведување на ЗСПИЈК за календарската 2010 година и истиот да го достават до Комисијата, до 31 јануари 2011 година.
Овие извештаи ќе бидат составен дел на Годишниот извештај за спроведување на ЗСПИЈК, кој Комисијата го изготвува и доставува до Собранието на Република Македонија.
На одговорното лице кое нема да подготви Годишен извештај и истиот нема да го достави до Комисијата во предвидениот законски рок, ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 800 евра, во денарска противвредност согласно со член 33 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл.весник на РМ„ бр.6/2010), која Комисијата ќе ја реализира преку поведување на прекршочна постапка.
Напоменуваме дека образецот на Извештајот го има на веб страната на Комисијата(www.komspi.mk).
Во прилог на Годишниот извешај, одговорното лице во онаа институција чие службено лице за посредување со информациите од јавен карактер е сменето или од најразлични причини веќе не ја извршува оваа законска обврска, е должно со Акт (Решение) да назначи друго службено лице и податоците да ги достави до Комисијата. Во Годишниот извештај одговорното лице, исто така е должно да достави прецизни податоци за евентуално извршена промена на адреса, контакт телефоните, e-mail и друго.
Како регуларни ќе се сметаат единствено извештаите кои освен потписите на одговорното и службеното лице, ќе бидат парафирани со печат на институцијата и ќе бидат доставени во законскиот рок до 31 јануари 2011 година. Напоменуваме дека Годишните извештаи може да се доставуваат до Комисијата по пошта (на адреса: бул.„Гоце Делчев„б.б.), факс или e-mail скенирана верзија, но само во една од понудените варијанти!!!
За сите дополнителни прашања или нејаснотии околу подготовката на Извештајот, ќе можете да се консултирате со лицата за контакт: Жорж Поповски и Оливер Серафимовски; тел. (02) 3118-038, тел./факс:3114-695, како и на e-mail адресата: sinf@sinf.gov.mk