Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Ве потсетува дека, како имател на информации од јавен карактер, должни сте да го почитувате членот 37 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (ЗСПИЈК) и, согласно него, најдоцна до 31 јануари 2007 година, до Комисијата да испратите Годишен извештај за 2006 година, околу спроведувањето на Законот од Ваша страна.
Начинот за подготвување на Извештајот поподробно е објаснет во член 37 став 2 од ЗСПИЈК. За полесно изготвување на извештајот Комисијата Ви излегува во пресрет со подготвен терк (образец) на Годишниот извештај, кого наскоро ќе го најдете и на нашата веб-страница www.sinf.gov.mk и кого можете слободно да го користите при изготвувањето на извештајот.
Воедно, Комисијата Ви укажува дека, се додека Владата не го подготви актот (тарифник) со кој се уредува надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација, Вие треба да постапувате по член 10 став 2 и по член 29 , став 1 и став 2 од ЗСПИЈК. Со други зборови, имателот е должен да обезбеди бесплатен пристап до информацијата, а барателот ќе ги плати трошоците за добиен препис, фотокопија, или електронски запис на истата, само во висина на материјалните трошоци. Притоа, многу е важно да ги земете предвид член 11 и член 16 став 4 од ЗСПИЈК, со цел на барателот да му укажете помош и да му олесните при пристапот до Вашите информации, без да барате образложение за барањето.
Во исто време, Ве потсетуваме дека Комисијата, доколку не биде спроведено горенаведеното, ке биде принудена да постапи согласно казнените одредби од ЗСПИЈК ( член 39 – 45). Се надеваме дека ќе нема потреба од таква постапка.