Делегација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (КЗСПИЈК), составена од претседателот г-дин Пеце Ташевски, членот г-ѓа Катерина Димеска и помладиот соработник во Секретаријатот г-ца Билјана Пушева, од 25 до 27 јуни престојуваше во работна посета на Унгарскиот Национален Орган за заштита на податоци и слобода на информации.