Документот е со важност од две години (со можност за автоматско продолжување), а неговото склучување е резултат на желбата на двете страни да се зајакне соработката поврзана со имплементацијата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗЕЛС
Соработката меѓу потписниците ќе се одвива во насока на одржување на континуирани обуки на градоначалници и на други целни групи, како и на организирање на обуки за службените лица во единиците на локалната самоуправа, кои директно учествуваат во спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во функција на обуките и другите активности во рамки на меѓусебната соработка, двете страни ќе вршат размена на искуства и знаења преку формирање на заеднички тимови на обучувачи, работни групи и слично. Притоа обучувачите од Комисијата на обуките ќе пренесуваат повеќе практично искуство отколку чисто теоретско познавање.
Меморандумот, исто така, ќе послужи и како основа за склучување на спогодби и договори, кои можат да помогнат во развојот на слободниот пристап до информации од јавен карактер.