Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на последната седница донесе одлука во иднина на својата веб страна, покрај другото, да информира за сите покарактеристични предмети односно поднесени жалби, како и да ги презентира донесените решенија и заклучоци.
Со креирањето на посебен линк во кој ќе се нотираат ставовите на Комисијата за сите позначајни предмети од сферата на СПИЈК, се очекува да се обезбеди поголема информираност, како за директно инволвираните баратели и иматели на информации, така и воопшто за пошироката јавност.