На работилницата присуствуваа претставници на општини и раководители на сектори и на одделенија од подрачни единици на Агенцијата за катастар на недвижности и на раководители на одделенија на Управата за имотно-правни работи од Кичево, Радовиш, Струмица, Валандово, Гевгелија, Дојран, Богданци, Ресен, како и раководители на правни сектори и службени лица за посредување со информации од јавен карактер од неколку државни институции.
Основна цел на обуката беше подигнување на јавната свест и упатување на обврските за имателите на информации кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и тренинг обука за комуникациските вештини и учеството на граѓаните во донесување на одлуките.
Тренери на Работилницата беа Цветан Станоески од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Лирим Далипи од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Во рамки на проектот предвидена е уште една ваква работилница, на која ќе бидат опфатени погоренаведените целни групи во уште 5 единици на локална самоуправа и во уште неколку државни институции.