Од 1 јануари до 30 април 2007 година до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, пристигнати се 48 жалби. Од нив 21 се повлечени, бидејќи по нив е постапено со тоа што бараните информации им биле дадени на барателите. Тие до посакуваните информации дошле благодарение на укажувањата и интервенциите (согласно законот за СПИЈК) на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно на македонското Здружение на млади правници.
Во наведениот период до Врховниот суд на Република Македонија биле поднесени 6 тужби кои се однесуваат на предмети од 2006 година.
За две тужби постапката е запрена и предметот е завршен откако тужителите ги повлекле тужбите бидејќи бараната информација во меѓувреме им била дадена. Три тужби се во постапка, а по една тужба Врховниот суд донесе решение со кое предметот е вратен на повторно одлучување до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.