Цветан Станоески, од Секретаријатот на Комисијата, ги запозна присутните со историјатот и развојот на правото на слободен пристап до информации, со посебен осврт на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во Република Македонија. Притоа, на присутните им пренесе искуства од неговата примена, преку примери од досегашната пракса.
Учесниците на оваа своевидна работилница покажаа посебен интерес во делот на обуката кој се однесуваше на постапките по барањата кои биле упатени до институциите од судската власт.
ОБУКА ЗА СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ