Денеска во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно утврдениот годишен план и програма, се одржа обука за службени лица од јавни претпријатија и установи, општини и претставници од правни лица кои вршат јавни овластувања.
Обуката на тема: „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“ ја реализираа предавачи од Секретаријатот на Комисијата, со цел подигнување на степенот на запознаеност и информираност на службените лица за проблематиката која ја третира ЗСПИЈК.
Присутните беа запознаени со историјатот и развојот на правото на слободен пристап до информации во Македонија, како и со одредбите на Законот. Исто така, лицата задолжени за имплементирање на Законот во нивните средини, ги продлабочија сопствените знаења и за постапката по барање информација од јавен карактер, жалбената и прекршочната постапка, како и за обврската на имателите на информации да подготват Годишен извештај. Со проактивно учество на присутните, беа разгледани и неколку досегашни примери од барања што биле упатени до службените лица од споменатите институции.