Во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап информациите од јавен карактер, денеска се одржа обука на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер “. img-img-img-img-imgОбуката ја реализираа Јорданка Стојкова и Цвета Трајковска, стручни предавачи од Секретаријатот на Комисијата, а на неа присуствуваа 16 новоназначени службени лица, како и лица кои досега од различни причини не посетувале обука или пак побарале дополнителна едукација, од градинки, основни и средни училишта, како и од високообразовни установи од Скопје и околните општини. 

Обуката е во функција на подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските кои за нив произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Покрај историјатот, развојот на правото на слободен пристап до информации и законската легислатива, на присутните службени лица им беа претставени во детали и постапката по барање информација од јавен карактер, текот на жалбената и прекршочна постапка, како и начинот на подготовката на Годишниот извештај, како законска обврска на имателите.
На обуката беа анализирани и примери од праксата, при што службените лица преку проактивно учество, изнесоа свои видувања и ставови за тоа како би постапиле во дадените ситуации.