СЛ ЛИЦА ЦВЕТАНСЛ  ЛИЦА НАСЛОВНАКомисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во своите простории денеска организираше обука за службените лица од државни институции. Обуката беше на тема: „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер„ а истата има за цел да ја подигне свеста за значењето на ова демократско право кое можат да го користат граѓаните како баратели на информации од јавен карактер и за степенот на имплементација на Законот во пракса од страна на службените лица.
Обучувачи на обуката беа стручни лица од Секретаријатот на Комисијата, кои преку интерактивен пристап ги запознаа присутните со историјатот и развојот на правото на слободен пристап до информации во Македонија, а во вториот дел од истата го претставија и преку практични примери од Законот, службените лица се запознаа со постапката по барање информација од јавен карактер, за постапката и текот на жалбената и прекршочна постапка и за обврската на имателите на информации преку службените лица да го подготват Годишниот извештај. Завршниот дел од обуката беше наменет за службените лица, кои преку примери од досегашната пракса ги изнесуваа своите гледишта околу текот на постапките по барањата кои биле упатени до нивните институции.