АКАДЕМИЈАВо Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, денеска  се одржа обука на тема: „Слободен пристап до информации од јавен карактер“. На обуката присуствуваа службени лица и претставници од органи на судската власт и тоа од: Апелациониот суд Скопје, Управниот и Вишиот управен суд, од Основните судови од Битола, Велес, Гевгелија,  Гостивар, Струмица, од Основен суд Скопје II, Основните јавни обвинителства Куманово и Скопје, како и од Вишите јавни обвинителства од Скопје и Гостивар.
Во текот на обуката, Јорданка Стојкова и Цвета Трајковска од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ги запознаа присутните со историјатот и развојот на правото на слободен пристап до информации во Македонија, како и со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и досегашните искуства од неговата примена.
Преку примери од досегашната пракса и интерактивно учество, присутните изнесоа свои гледишта околу текот на постапките по барањата кои биле упатени до институциите од судската власт.