Согласно потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска во хотелот „Попова Кула“ во Демир Капија, се одржа четвртата работилница за едукација на одговорни и службени лица кои посредуваат со информации од јавен карактер, од овој дел на Македонија.IMG_0922 (2)

Обуката ја реализираа Цветан Станоески и Макфирете Морина Суљејмани, предавачи од Секретаријатот на Комисијата, а присутните, прекусоодветна power point презентација, беа запознати со законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно со можностите кои произлегуваат од него за барателите на информации од јавен карактер, како и со обврските и должностите кои произлегуваат од него за имателите на информации

На учесниците на работилницата им беа поделени постери, флаери и брошури „До информација“, кои се резултат на повеќегодишната соработка меѓу Комисијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и примероци од брошурата насловена „Ти имаш право да знаеш“, производ на Европското здружение на студентите по право во Република Македонија – ЕЛСА во рамките на USAID проектот за јакнење на судството, стручно помогнат од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.