Обучувачи од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во соработка со  Општина Прилеп, денеска во Големата сала во Општина Прилеп (нова општинска зграда), одржаа обука наменета за граѓаните, на тема: “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“. Целта на обуката беше подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, можностите кои произлегуваат од него, како и  начинот на ост4996-regionalna-obuka-za-zakonskoto-pravo-na-gragzanite-za-sloboden-pristap-do-informacii-od-javen-karakter-960x600-16варување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Обуката ја реализираа стручните лица од Секретаријатот на Комисијата, Јорданка Стојкова и Цвета Трајковска, а на неа присуствуаа 45 лица – граѓани, претставници на Месни заедници, службените лица од Општина Прилеп и од тамошни јавни установи и претпријатија, како и претставници на невладините организации од градот.
Учесниците на обуката беа запознати со развојот на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и со законската легислатива, со подетален осврт на постапката по барање на информација од јавен карактер и на жалбената постапка.
За посеопфатно запознавање со наведеното човеково право кое е и уставно загарантирано, на присутните им беше поделена брошурата „Ти имаш право да знаеш“, подготвена од Европското здружение на студентите по право во Република Македонија – ЕЛСА во рамките на USAID проектот за јакнење на судството, а стручно помогната   од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Како и претходните неколку, така и регионалната обука во Прилеп, доби публицитет во локалните медиуми, кои на тој начин дадоа свој придонес во промоцијата на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер пред граѓаните.