На 2 и 3 декември во Будимпешта, Унгарија се одржа четвртиот медиа форум на југоисточна Европа. Организаторите на Форумот : VAZ Media Group, Konrad Adenauer stiftung и SEEMO, медиумска организација за јужна и источна Европа, Централно европската иницијатива ( CEI ) , со поголема група подржувачи, како главна тема на собирот го поставија: СЛОБОДНИОТ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИТЕ, АЛАТКА ЗА ИСТРАЖУВАЧКОТО НОВИНАРСТВО. Вкупно беа одржани шест панели, за поедини аспекти на оваа тема.
По покана и на сметка на организаторот, на Форумот учествуваше и Јанко Николовски, претседател на КЗПСПИЈК, кој настапи со 10 минутно излагање во панелот посветен на регионалните искуства. Акцентот во излагањето беше ставен на многу широкиот опфат на иматели на информции во македонскиот закон, што е реткост во Европа, како и на потребата и практиката, што КЗПСПИЈК ја спроведува во едукацијата и промоцијата на ова ново право, дури и во Европа. Раздвижувањето на практицирањето на ова право, како резултат на бројните обуки и промотивни активности низ практиката на Комисијата покажа дека граѓаните на Македонија се повеќе стануваат свесни за ова свое право, но и за начините и постапката тоа да го остварат.
Меѓу појавите што пречат во доследност на остварувањето на правото, Николовски се задржа и на појавата на молчењето на имателите, за што и другите ученици се сложија дека е еден од настапувачките проблеми и во нивните земји. Притоа, беше разработена и тезата дека и немото одбивање може да биде значајно за индицирање на можен проблем или лошо работење. Исто така, Николовски го подвлече значењето на слободниот пристап како брана против сензационалистичкото новинарство. „ Секој оној што ќе добие официјална информација од јавен карактер, веќе нема алиби да пишува претпоставки, конструкции или филувани со невистини, написи!„
Се разбира, заклучи Николовски, идејата „имам право да знам„ и законот што ја регулира, се уште има потреба од заштита и промоција со сите можни со закон предвидени средства, па можеби и со некои нови законски решенија.