Претставници од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер учествуваа на денешната дебата на тема „Колку новинарите го користат законското право за пристап до информации од јавен карактер“, што се одржа во организација на невладината организација „Пролиберти“. На дебатата беа презентирани резултатите од истражувањето на оваа тема, кое е дел од проектот „Утврдување на оправданоста на временската рамка за одговор на медиумите според Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер“ .
Оценувајќи дека Законот за пристап до информации од јавен карактер (ЗСПИЈК) е корисна алатка за новинарите, претставнците на медиумите, меѓу другото, реагираа на предолгите рокови за добивање одговор. Просечното време на чекање на одговорот, според презентираните податоци од истражувањето изнесувал 30 дена, а одговор примиле 43% од новинарите кои доставиле барање.
Констатирајќи дека во моментот поголема полза од ЗСПИЈК имаат новинарите кои се занимаваат со истражувачко новинарство, претставниците од Секретаријатот на Комисијата ги охрабрија припадниците на седмата сила почесто да го користат Законот, со што и самите ќе придонесат за менување на менталитетот на службените лица да не го чекаат последниот ден од законскиот рок за давање на информациите од јавен карактер. Независно од фактот што ЗСПИЈК не е толку атрактивен за дневното новинарство, како што беше појаснето, новинарите не може да бидат првилегирани во однос на другите баратели и за нив да важат други- покуси рокови.
Освен што Комисијата навреме постапува по жалбите од новинарите, беше укажано и на тоа дека во текот на септември 2009 година, во регионалните центри Битола, Штип и Скопје, се одржале еднодневни едукативни средби со новинари од електронските и печатените медиуми на тема „Слободниот пристап до информациите од јавен карактер и заштитата на личните податоци“. На овие работилници, како што беше посочено, претставнците на медиумите детално биле запознаени со можностите за поедноставно, побрзо и поефикасно добивање на информации од јавен карактер.