Во рамките на наставна програма на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, група студенти од Школата, денес остварија посета на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Предавачи од Секретаријатот на Комисијата пред студентите зборуваа на тема – примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со акцент на можностите што истиот им ги дава на новинарите во извршувањето на нивните професионални задачи.
Оваа своевидна работилница беше изведена во рамките на предавањата по предметот Медиумско право, при што службените лица од Комисијата  одговараа на прашањата, односно дилемите кај студентите, а кои се однесуваат на примената на наведениот Закон, гледана од аспект на практичната  работа на новинарите.