На 1 септември 2006 година, започна примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како фундамент за остварување на уставно гарантираното право на слободен пристап до информации од јавен карактер.
За една година од примената на Законот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер успеа да евидентира и да обезбеди комплетни односно делумни податоци за 1.393 иматели на информации од јавен карактер. Така ажурираната листа на 31 август годинава беше објавена во вид на посебен прилог на 20 страници во дневниот весник “Време“.
Поаѓајќи од фактот дека еден дел од имателите на информации се уште немаат доставено никакви податоци, кои како обврска за нив произлегуваат ОД ЧЛЕНОВИТЕ 8 И 9 од ЗСПИЈК, Комисијата на овој начин уште еднаш УКАЖУВА на потребата од доследно почитување на одредбите од ЗСПИЈК. Во спротивно, Комисијата во иднина ќе биде принудена да ги примени КАЗНЕНИТЕ ОДРЕДБИ (ОД ЧЛЕН 39 ДО 45) кон имателите кои се оглушиле на сите досегашни укажувања.
Во функција на натамошно ажурирање и проширување на листата, Комисијата БАРА и од имателите кои имаат доставено податоци, а во меѓувреме извршиле промени на нивниот назив, адреса, службено(и) лице(а), телефони за контакт, е-mail адреса или друго, во што е можно ПОКУС ВРЕМЕНСКИ РОК да биде известена за сите настанати измени.