Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер укажува на се позачестените појави на непријавување на извршената промена на службеното(ите) лице(а), нивните е–mail адреси, промена на адреса поради селење, промена на телефоните за контакт и слично-од страна на одделни иматели на информации од јавен карактер.
Прецизни податоци за сите извршените измени на Комисијата и се потребни заради ажурирање на листата на иматели на информации од јавен карактер, посместена на веб порталот на Комисијата www.komspi.mk , како и поради исполнување на законската обврска ажурираната листа на иматели на информации еднаш годишно да ја стави на увид на јавноста преку објавување како посебен прилог во дневните весници.
За да ги избегне евентуалните несакани реакции од барателите но и од имателите за пооделните непрецизни и неточни податоци пласирани не по нејзина вина,  Комисијата посебно апелира и БАРА од државните институции кои во последните неколку месеци се вселија во нови работни простории лоцирани во зградите на Македонската радио телевизија и “Нова Македонија“, како и во други објекти со кои располага македонската Влада, во што е можно ПОКУС ВРЕМЕНСКИ РОК да биде известена за сите настанати измени.
Поаѓајќи од фактот дека еден дел од имателите кои се дел од споменатата листа се уште немаат доставено никакви податоци, кои како обврска за нив произлегуваат ОД ЧЛЕНОВИТЕ 8,9 и 10 од ЗСПИЈК, Комисијата на овој начин уште еднаш УКАЖУВА на потребата од доследно применување на одредбите од ЗСПИЈК. Во спротивно, Комисијата во иднина ќе биде принудена да ги примени ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ од Законот за изменување на Законот за пристап до информации од јавен карактер ( Сл. весник на Р.М бр.86/08 ) кон оние иматели што се оглушиле на сите досегашни укажувања.
Воедно Комисијата информира дека објавената листа на иматели не е конечна и не е целосна со оглед на природата на Законот за СПИЈК поради што и во иднина континуирано ќе се менува и надополнува, со нови иматели на информации од јавен карактер.