Еднодневна обука на тема: „Право на слободен пристап до информации од јавен карактер„ се одржа денеска во просториите на Општина Струга, во организација на локалната самоуправа и  Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
     Пред голем број службени лица од институциите од оштините Струга, Охрид, Вевчани и Дебарца поздравни обраќања имаа претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, г-дин Пеце Ташевски и градоначалникот на Општина Струга  г-дин Рамиз Мерко. Оваа промоција на правото за слободен пристап до информации е само дел од потенцираната потреба од организирање на поголем број обуки во соработка со останатите општини во Република Македонија, со што ќе се зголеми потенцијалот како на службените лица кои што директно учествуваат во имплементацијата на Законот, така и на граѓаните како баратели на информации од јавен карактер.
       Обуката ја реализираа предавачи од Секретаријатот на Комисијата. Со интерактивен пристап на присутните, во целост беше исполнета целта на обуката, запознавање со основните цели на Законот, водењето на жалбената постапка, запознавањето со прекршочната постапка и споделување на искуствата до кои дошле службените лица во нивната досегашна работа. Преку ваквиот начин на одржување на обуките, според учесници на обуката, ќе дојде до побрза и поуспешна имплементација на законските одредби во праксата, а со цел обезбедување на потранспарентно и поодговорно владеење како на локално, така и на централно ниво.