КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ДЕНОВИВЕ ПРИ ОБИДОТ ДА ДОСТАВИ ОБРАЗЕЦ ЗА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ДО ИМАТЕЛИТЕ НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР, СЕ СООЧУВА СО НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ОД СТРАНА НА ПОГОЛЕМ БРОЈ СЛУЖБЕНИ И ОДГОВОРНИ ЛИЦА.
ИМЕНО, ГОЛЕМ БРОЈ ОД ЛИЦАТА ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ВО ПОВЕЌЕТО ОПШТИНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ, МИНИСТЕРСТВА, ИНСТИТУЦИИТЕ ШТО СПАЃААТ ВО СУДСКАТА ВЛАСТ, ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА КАКО И ВО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, ДО КОМИСИЈАТА ИМААТ ДОСТАВЕНО ПОГРЕШНИ E-MAIL АДРЕСИ СО ШТО СМЕ ОНЕВОЗМОЖЕНИ ДА ИМ ДОСТАВИМЕ ОБРАЗЕЦ ЗА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ, ИАКО КОМИСИЈАТА НЕМА ЗАКОНСКА ОБВРСКА ДА ГО ЧИНИ ТОА. ПОРАДИ СЕВО ОВА, КОМИСИЈАТА ИНСИСТИРА НА СТРИКТНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ОСОБЕНО ОД СТРАНА НА СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА ВО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ КОИ ПОРАДИ ПРИРОДАТА НА НИВНИТЕ ОБВРСКИ РАСПОЛАГААТ СО ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА, А СЕПАК НЕ НИ ЈА ДОСТАВИЛЕ ЗА ДА МОЖЕМЕ НАВРЕМЕНО, БРЗО И ТОЧНО ВЗАЕМНО ДА КОМУНИЦИРАМЕ.
НАПОМЕНУВАМЕ ДЕКА ЕДНА ОД ОБВРСКИТЕ НА ОДГОВОРНОТО И СЛУЖБЕНОТО ЛИЦЕ КАЈ СЕКОЈ ИМАТЕЛ НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР Е ДА НИ ДОСТАВИ ПРЕЦИЗНИ ПОДАТОЦИ ЗА СЕКОЈА ИЗВРШЕНА ПРОМЕНА НА АДРЕСАТА, ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОШТА ИЛИ КОНТАКТ ТЕЛЕФОНИТЕ. КАЈ ПОВЕЌЕТО ИМАТЕЛИ ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ ОДНОСНО ФАКСОВИТЕ СЕ ИЛИ ПОГРЕШНИ, НЕПОСТОЈАТ ИЛИ СЕ НАДВОР ОД УПОТРЕБА ШТО ПРИДОНЕСУВА НА ЛИСТАТА ШТО СЕКОЈДНЕВНО СЕ АЖУРИРА ВО КОМИСИЈАТА, НЕ ПО НАША ВИНА ДА БИДАТ ПОМЕСТЕНИ ПОГРЕШНИ ПОДАТОЦИ, КОИ ВОЕДНО ПРЕДИЗВИКУВААТ РЕВОЛТ И НЕГОДУВАЊЕ КАЈ БАРАТЕЛИТЕ НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР, ОДНОСНО ГРАЃАНИТЕ.
ОТТУКА, КОМИСИЈАТА УКАЖУВА НА НЕОПХОДНОСТА ВО ПРИЛОГ НА ГОДИШНИТЕ ИЗВЕШТАИ ИНСТИТУЦИИТЕ ОДНОСНО НИВНИТЕ СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ДА ДОСТАВАТ ПРЕЦИЗНИ И ТОЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНТАКТ ПО ТЕЛЕФОНСКИ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ.