Во февруари 2006, Собранието во Скопје го усвои Законот за слободен пристап до инфромации од јавен карактер. Кратко време после тоа, како што е предвидено во Законот, беше формирана и националната Комисија за слободен пристап до информации од јавен карактер како независно државно тело, а за нејзин претседател беше избран Јанко Николовски, експерт на полето на информациите.
Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, која го набљудуваше спроведувањето на новиот закон, ја поддржува Комисијата и другите експерти во работата на примена на Законот. Во ова интервју, Јанко Николовски разговараше со Марија Дотсенко, одговорна за печат и јавно информирање и за развој на медиуми.
Можете да ни кажете зошто беше формирана Комисијата и кои се нејзините одговорности и цели?
“Комисијата е целосно независна државна институција со сопствен буџет, која еднаш годишно дава отчет за својата работа пред Собранието на Република Македонија. Нашата главна задача е да ја надгледуваме примената на новиот закон и да им даваме упатства на оние кои се вклучени во процесот на имплементација. Ние ги фокусиравме нашите напори на зголемување на транспарентноста на сите јавни структури, како и на зголемување на свеста кај граѓаните за начинот на слободно практикување на нивните права за пристап до информациите од јавен карактер.
Секоја јавна институција треба да одреди службено лице кое ќе биде одговорно за информациите кои ги поседува таа институција и кое ќе им обезбеди помош на граѓаните кои ќе бараат информации. Комисијата тесно соработува со имателите на информации. Нивните напори за осржување на ова демократско право се од витално значење за реформата на јавната администрација. Ние се грижиме за тоа сите барања за пристап до јавни информации да бидат спроведени стриктно според Законот. Исто така разгледуваме и жалби по одбиени барања.
Наша одговорност е да постигнеме целосна примена на уставното право на слободен пристап до информации од јавен карактер и затоа ги информиравме граѓаните кои се вклучени во политичкиот процес и кои се поспособни да ги набљудуваат политичарите. Ова ќе ни помогне да промовираме поголема доверба на јавноста во системот, како и да се погрижиме политичарите и власта да се сметаат за поодговорни”.
Иако усвојувањето на законот се смета за голем чекор напред, само фазата на имплементација, која започна во септември 2006, ќе покаже дали навистина властите можат да гарантираат слободен пристап до јавни информации. Каков е ставот на државата што се однесува до имплементацијата?
“Се слагам дека имплементацијата е клучна. Многу е тешко да се види целосната слика по само седум месеци, но со гордост можеме да изјавиме дека Законот е здрав и жив. Многу општини и јавни институции, иако не сите, веќе имаат одредено иматели на информации, кои не известуваат за нивните активности. Ги анализиравме податоците и го поднесовме годишниот извештај до Собранието.
Во нашата работа спаѓа и патување низ земјата и брифирање на општините и заедниците за поединости на Законот. Многу граѓани веќе знаат за Законот и се заинтересирани да науат повеќе за него.
За среќа, не сме сами. Мотивацијата што ни требаше на почетокот дојде од проектот за зајакнување на слободниот пристап до информации, кој беше поставен од мисијата на ОБСЕ и имплементиран од локалната организација Про Медиа. Со нивната поддршка, изведовме успешен тренинг на членовите на Комисијата, а нашиот професионален персонал ги дистрибуираше двата прирачника за слободен простап до информации – едниот за имателите на информации, а другиот за барателите. Сето ова беше финансирано од ОБСЕ и имплементирано од експертите од Комисијата и од Про Медиа.
Сепак, финансиите не беа најважната работа. За Комисијата најважен беше интересот и охрабрувањето кое го добивме од Мисијата на ОБСЕ, од Про Медиа и од Фондацијата Институт Отворено Општество – Македонија”.

Кои се главните предизвици со кои се соочувате при имплементацијата на Законот? Дали добивате адекватна поддршка од локалните колеги?
“Најголем предизик е комплексноста на Законот. Според Препораката на Советот на Европа од 2002 година за пристап до официјални документи, во Законот не е вклучена само извршната власт, туку и законодавната и судската, како и јавните претпријатија и сите правни и физички лица со јавни овластувања. Ова значи дека има многу голем број иматели на информации во земјава. Очекуваме да има над 1500.
Друг предизвик е преклопувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со законите за класифицирани информации и за заштита на лични податоци. Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер треба да биде примус интер парес. Постојат извесни разлики и дискрапанци меѓу овие закони кои во моментов се анализираат.
Иако имаме голема поддршка од две невладини организации кои ги спомнав погоре, потребно е да се вклучат и други организации во промоција на ова најфундаментално право, кое ја чува транспрантноста и одговорноста во нашата држава. Медиумските професионалци можат да направат многу за промоцијата на правото на слободен пристап до информации. Со нив имаме добра соработка, но секогаш постои простор за подобрување”.
Новиот закон и Комисијата се меѓу најмладите во регионот. Дали имате контакти со колегите од другите држави?
“Заедно со Про Медиа, организиравме успешна тркалезна маса во ноември минатата година во Скопје, која беше поддржана од мисијата на ОБСЕ и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите. Експерти од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Црна Гора, Србија и Словенија ги споделија со нас најдобрите искуства и научените лекции. Тоа што го одлучивме го искористивме во секојдневната работа и сме во постојан контакт со другите институции и експерти кои учествуваа”.
Кои се вашите планови за остатокот од годинава?
“Имаме амбициозни планови за кампања за информирање на јавноста ширум државава во сите медиуми и во соработка со амбасадата на Обединетото Кралство, мисијата на ОБСЕ и нашите локални партнери.
Ќе продолжиме да соработуваме со амбасадата на Велика Британија, со ОБСЕ и со граѓанското општество за тренингот на имателите на информации. Ќе обучуваме тренери кои потоа ќе ги обучуваат имателите на информации за нивната улога во имплементацијата на Законот во нивните соодветни региони и институции.
Во исто време, ќе продолжиме да го тестираме Законот за нејасните прописи. Ќе продолжиме да се фокусираме на секојдневните активности, како што се одговарање на барања и жалби на граѓаните, соработка со граѓанското општество и меѓународни организации. Исто така ќе работиме и на ажурирање на нашите листи на иматели на информации, листи на документи и државни институции”.